Шелтон: Сакам да бидам само како Надал

Младиот американски тенисер Бен Шелтон не крие дека негов идол е Рафаел Надал, на кого му се восхитува во секој поглед.

Шелтон се проби меѓу најдобрите 20 со неочекувано добрите настапи на УС Опен каде стигна до полуфиналето, но беше запрен од Новак Ѓоковиќ. Сега го очекува Мастерсот во Шангај.

„Сакам да се борам на теренот како Надал. Токму како него, кој никогаш не се откажува. Додека растев се огледував на Рафа, го гледав секој негов меч. Тој е тенисерот како кого сакам да бидам. Ме импресионира тоа што е во состојба да игра максимално борбено на секој турнир, на секој меч. Верувам дека и јас ќе имам таков фајтерски дух“ – вели Шелтон.

Се вчитува...