Шенол Ѓунеш повторно селектор на Турција

Искусниот фудбалски стратег Шенол Ѓунеш е именува за нов селектор на репрезентацијата на Турција.

Фудбалската федерација на Турција се одлучи да го врати Ѓунеш на клупата на националниот тим која ја водеше и во периодот од 2000 до 2004 година.

Ѓунеш е најуспешниот турски селектор со кого оваа селекција стигна до третото место на Светското првенство во 2002 година. Сега желбата на Турците е со Ѓунеш повторно да бидат учесници на ЕП 2020 и СП 2022.

Шенол Ѓунеш ќе биде наследник на Мирчеа Луческу кој како селектор на Турција имаше лош скор од четири победи, шест ремија и седум порази.

Се вчитува...