Шенсои пред отказ, Костов пред промоција на клупата на Пелистер!?

Стратегот од Косово, Наџи Шенсои е пред отказ на клупата на Пелистер, по серијата од три порази на битолчани во домашниот шампионат.

Според се погласните информации, огромно е незадоволството во таборот на Пелистер од игрите на тимот пролетва преку кои се освоија само 7 од можните 18 бодови, во трката за европски излез. Последниот пораз од Шкупи само ги засили шпекулациите за заминувањето на Шенсои од Пелистер. Согласно нашите информации, најверојатно последна можност за Шенсои ќе биде дуелот против Силекс во среда (5. април). Ако и на овој натпревар не се стигне до триумфот Шенсои заминува од Битола, а како негов наследник на клупата се спомнува поранешниот тренер на Ренова и Брегалница, Влатко Костов.

Пелистер во моментов е на четвртата позиција на табелата во Првата лига со три бода заостанување зад третопласираниот Работнички кој е на местото кое води во квалификациите за Лигата на Европа следната сезона.

Се вчитува...