Шенсои заминува, Жикица Тасевски нов тренер на Македонија ЃП

По трите едноподруго порази во домашниот шампионат со кои „лавовите“ си ја загрозија и позицијата во битката за европски излез, раководството на Македонија ЃП се одлучи за смена на шефот на стручниот штаб Наџи Шенсои.

Шенсои заминува од клупата на прволигашот од Ѓорче Петров, а како што дознаваме за нов тренер ќе биде именуван Жикица Тасевски. 42-годишниот Тасевски се очекува денеска и официјално да биде промовиран на клупата на „лавовите“.

Тасевски е поранешен тренер на Вардар, Металург, Работнички и Силекс на домашната сцена, а во кариерата беше предводник и на кинескиот Хунан Билоус.

Се вчитува...