„Шерифот“ Един Џеко ги скроти „замениците“ (ФОТО)

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина Един Џеко по само два месеца поминати на „Џузепе Меаца“ ги освои срцата на навивачите на Интер па 35-годишниот голгетер пред вчерашниот натпревар од Лигата на Шампионите против Шериф доби и своја карикатура.

А, „шерифот“ Џеко ги исполни очекувањата и ги скроти „замениците“ од Молдавија со погодок во 34. минута од мечот. Потоа асистираше и до Видал во 58. минута за вториот гол на „нероаѕурите“ во победата од 3-1.

Се вчитува...