Шерифовска и Ангелов на Европското првенство за јуниори во џудо

Борче Ангелов во машка и Берна Шерифовска во женска конкуренција ќе бидат македонските претставници на Европското првенство за јуниори до 21 година во џудо кое ќе се одржи во Софија, Бугарија.

На шампионатот кој ќе трае од утре па до 15. септември, Ангелов и Шерифовска ќе ја претставуваат Македонија во конкуренција на 415 џудисти од 43 европски држави.

Ангелов ќе се натпреварува во категоријата до 73 килограми, а во првото коло се среќава со Килијан Окс од Германија, додека Шерифовска во категоријата до 57 килограми во првото коло ќе се соочи со Етери Липартелијани од Грузија.

Се вчитува...