Третиот македонски претставник на ЛОИ во Париз, џудистот Еди Шерифовски го заврши својот настап на игрите во престолнината на Франција со пораз во првото коло во категоријата до 81 килограм.
Шерифовски немаше сила за ништо повеќе во оваа борба бидејќи за противник го имаше актуелниот светски шампион, Бразилецот Гиљерме Шмит кој беше подобар со ипон во воведната борба.
„Сакам да се заблагодарам на сите кои ми дадоа поддршка изминативе денови и по натпреварот за учеството на Олимписките игри. Се борев против голем фаворит со кој навистина сакав максимално да се натпреварувам. Не покажа никаква доминација над мене, но мислам дека беше порасположен и поконцентриран за да дојде до победата. Ова е голем мотив за мене за да продолжам уште понапорно во иднина и да дојдеме до уште поголеми резултати на наредните натпреварувања, и да ја оправдам целокупната поддршка која ја добив од мојата Македонија“ – истакна Шерифовски по денешната борба во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА