Шешири: Вардар кај аутсајдерите, нека дојде Копенхаген од фаворитите

Вардар сосема очекувано ќе се најде меѓу аутсајдерите на утрешната ждрепка за групите во Лигата на Европа, што ќе се одржи во Нион со почеток во 13 часот. За „црвено-црните“ ова ќе биде прво учество во групната фаза, па ќе се најдат во четвртиот шешир заедно со Аполон, Башакшехир, Коњаспор, Витесе, Славија Прага, Црвена звезда, Скендерберг, АЕК, Лугано, Злин и Остерсунд, екипи што не може да се најдат во иста група со македонскиот шампион.

sesiri liga evropa vardar

Интересно, дел од првиот шешир ќе биде ФЦ Копенхаген, данскиот првак што го елиминираше Вардар од ЛШ, но потоа и самиот беше елиминиран во плејофот од Карабах. Дуели со Данците би биле идеални за израмнување на сметките, уште повеќе ако се знае дека други потенцијални ривали од носителите се Арсенал, Милан, Лацио, Зенит, Салцбург, Плзен, Лион, Динамо Киев, Вилјареал, Атлетик Билбао и Брага.

Се вчитува...