Шешири за ЕП: Добра вест за „фалангата“, нема да играме во Норвешка

Македонската репрезентација се наоѓа во вториот шешир при ждрепката за групите од ЕП 2020, а нашиот национален тим сигурно нема да биде дел од групите Ц и Д, кои ќе се играат во Трондхајм. Однапред се знае дека Германија е дел од групата Ц, а Норвешка од Д, а бидејќи двете селекции се во вториот шешир како и Македонија, јасно е дека нашата репрезентација ќе игра или во Австрија (Грац или Виена) или во Шведска (Малме или Гетеборг). Ова е добра вест и за верните фанови, кои се надевааа дека ќе се избегне патување во далечниот Трондхајм, што со ваквиот развој на настаните им се исполни.

Изненадувачки место меѓу носителите доби Чешка, поради добриот пласман на последното ЕП, па јасно е дека стариот познаник ќе биде главна желба на нашата репрезентација кога станува збор за потенцијалните ривали од првиот шешир.

Во тетиот шешир ќе биде добро да се избегне Исланд, а „нагазна мина“ во последниот шешир ќе биде Русија.

ШЕШИР 1: Шпанија, Шведска, Франција, Данска, Хрватска, Чешка.

ШЕШИР 2: Македонија, Норвешка, Словенија, Германија, Унгарија, Белорусија.

ШЕШИР 3: Австрија, Исланд, Црна Гора, Португалија, Швајцарија, Латвија.

ШЕШИР 4: Полска, Русија, Србија, Украина, БиХ, Холандија.

Извлекувањето на групите е закажано за 28 јуни во Виена. Пласман во следната рунда обезбедуваат двете најдобри репрезентации од секоја група, а домаќини на групите од втората фаза ќе бидат Виена и Малме.

Се вчитува...