Шест месеци затвор за навивачот кој го нападне Паје

Навивачот на Ница кој го нападна Димитри Паје, заработи шестмесечна затворска казна. Судот на 30. септември ќе ја објави оваа одлука по што веднаш тој ќе треба да биде спроведен во затвор.

Димитри Паје се доближи да изведе корнер блиску до трибината со најжестоките навивачи на Ница, беше погоден со пластично шише, а тој возврати и го фрли на трибините. Поголем број фанови влетаа на теренот, настана вистински хаос, а еден од нив и физички го нападна Французинот.

Се вчитува...