Шест милиони денари заминаа за Неготино

Во 69-тото коло од играта НовоЛото 7/34 чие извлекување се одржа во среда на 30ти август 2017,постигната беше добивка 7ка со вредност од шест милиони (6.000.000,00) денари. Уплатата е реализирана во Неготино во среќното место Корзо.

Среќниот добитник на седумката денес ги посети просториите на Државна лотарија и ни ја раскажа својата среќна приказна. Имено, добитникот Ристе, е сосема обичен човек од Неготино , кој речиси целиот свој живот игра игри на среќа., а меѓу омилените негови е и НовоЛото 7/34. На 30-ти август истиот ден кога беше и извлекувањето од 69-то коло на НовоЛото 7/34, Ристе  случајно во една прошетка застанал пред продажното место Корзо и уплатил систем од осум броеви.

Riste

Броевите ги одбрал сосема случајно, а тоа биле броеви без никакво значење за него до тогаш, но од сега најсреќните броеви. Како што и самиот ни раскажа извлекувањето не го следел во живо, но кога ги проверувал уплатените броеви не можел да се прибере од возбуда. Ристе е играч кој неколку пати игра полн систем од осум , а понекогаш и од девет броеви , но среќата му се насмевнала токму во ова 69-то коло каде среќните броеви му донесоа вкупна добивка од 6 123 235 денари , од кои 6 000.000 денари за седумката и 123 235 денари за седумте шестки кои му ги носи полниот систем од 8 броеви.

Фондот за 7ка во НовоЛото 7/34 и во наредното коло изнесува 6.000.000 денари, а премијата за дополнителната игра Џокер  надмина 1.250.000,00 денари.

Послушајте го советот на Ристе од Неготино , не губете ја надежта во среќата и одиграјте ги вашите среќни броеви во НовоЛото 7/34, и станете добитник на најголемата премија во Македонија.

ЗА  ДОБРО !

Комерцијален текст

Се вчитува...