Шест младинци на поширокиот список на Јончевски за предолимпискиот турнир

Селекторот Александар Јончевски го објави поширокиот список на кошаркари кои ќе бидат во комбинација за настап на предолимпискиот турнир на кој нашиот национален тим ќе учествува кон средината на следниот месец.

Ова ќе биде прва можност заедно да заиграат Ненад Димитријевиќ и Американецот Ти-Џеј Шортс, а селекторот Јончевски во списокот вклучи и шест кошаркари од младинската репрезентација кои преку ЕП во Скопје обезбедија учество во А-дивизијата.

Подготовките ќе почнат на 24 јули во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, а на почетокот од месец август предвидени се две пријателски средби со Полска, што ќе се играат во Белград.

ПОШИРОК СПИСОК НА МАШКА СЕНИОРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

(за олимписки претквалификациски турнир-Талин 2023)

Војдан Стојановски

Ненад Димитријевиќ

Ти-Џеј Шортс

Андреј Јакимовски

Андреј Магдевски

Адем Мекиќ

Андреј Маслинко

Стојан Ѓуроски

Дамјан Робев

Виктор Ефремоски

Љубомир Младеновски

Андреј Андоноски

Теодор Симиќ

Андреј Шошкиќ

Резарт Мемед

Марин Петков

Андреј Митревски

Амар Хот

Селектор: Александар Јончевски

Се вчитува...