Шест нови кошаркарски дуели за крај на календарската година

Дванаесеттото коло од Првата кошаркарска лига ќе биде последно прволигашко натпреварување за оваа календарска година. Истото ќе започне денеска со три дуела, ќе продолжи утре со нови два, а ќе биде комплетирано со натпреварот на колото во понеделник.

Првиот меч денеска ќе биде одигран во Кисела Вода каде од 17 часот „фенерџијата“ Ангели ќе се обиде да стигне до првата победа во сезоната против Куманово, а возбудувањата ќе продолжат од 18 часот со мечевите помеѓу Работнички и МЗТ Скопје 2, односно Гостивар и Еуро Никел 2005.

Утре не очекуваат два нови дуела во главниот град од кој едниот е од 17 часот на „Кале“ каде ТФТ го пречекува Кожув, а вториот повторно во „Независна Македонија“ каде Академија ФМП го пречекува Феникс 2010.

Богатата програма ќе биде комплетирана во понеделник со натпреварот помеѓу МЗТ Скопје и Пелистер во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18 часот.

Се вчитува...