Интер продолжува со максимален ефект во Серија А. Во шестото коло ја совлада Сампдорија на гости со 1-3 и ја задржа првата позиција на табелата со максимални 18 бода, два повеќе од актуелниот првак Јувентус. Тимот на Антонио Конте оваа сезона покажува завиден квалитет и аспирации за шампионскиот трофеј.
Стефано Сенси во 20.минута го доведе Интер во водство, а само две минути подоцна и Алексис Санчез го круниса дебито во дресот на „нероаѕурите“ со гол. Но, потоа и доби црвен картон, на самиот старт од вториот дел.
Јанкто во 55.минута намали на 1-2, но Роберто Галјардини го потврди шестиот триумф на Интер од почетокот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА