Ученици од „Нова“ на крос-кантри натпревар во Чешка (ФОТО)

Шест млади атлетичари ги бранеа боите на меѓународното училиште „НОВА“ на интернационалниот натпревар во крос-кантри кој се одржа минатиов викенд во Чешка.

Во конкуренција на 13 тима и спортисти од училиштата во Прага, Краков, Варшава, Виена, Москва, Минск, Киев, Софија, Сараево и Тирана ученици од „Нова“ се тркаа на 5 километри за средношколците и 3,5 километри за основците.

„Вториот ден учениците се натпреваруваа во едно малечко гратче сместено на 15 минути надвор од Прага. Основците трчаа патека од 2,5 километри, а средношколците од 3,5 километри. Рутите и двата дена беа комбинација на шумски патишта, ридови, нерамна површина, лизгаво земјиште и водени делови. Условите за трчање беа навистина предизвик и соодветни за искусни крос-кантри тркачи, но нашите ученици совршено се снајдоа“ – појаснуваат тренерите Мелита Ромих и Кристен Финк од училиштето „Нова“.

kros kantri

Крос-кантри тимот на НОВА тренира два пати неделно и тоа на два различни терени – на кејот на реката Вардар и на патека на Водно.

„Не постои правило кога станува збор за трчање надвор така што може да се тренира на дожд, снег, ветер и на ниски температури. Би било одлично доколку тој тип пристап им е заеднички на сите луѓе. Ние бевме среќни со временските услови оваа година така што не моравме да одложиме ниту еден тренинг поради поројни дождови или неиздржлива жештина“ – објаснуваaт Ромих и Финк.

Натпреварот беше дел од активностите во рамки на Асоцијацијата на образовни институции од Централна и Источна Европа (CEESA) во која членува и „Нова“.

„Досега немаме слушнато дека има друг тим за крос кантри трчање во училиштата низ Македонија, но можеби има. Сепак ние одлучивме да формираме екипа поради тоа што во рамки на CEESA се нудат опции за ваков тип на натпревари, а и трчањето во Македонија пополека се развива. Би сакале учениците да бидат поактивни и инволвирани во спортови, а трчањето во суштина е основата за речиси секој спорт. Крос кантри трчањето може да биде интересно особено ако трчате во природа. Станува збор за многу едноставен спорт кој нè одржува здрави, во добра форма, ни помага да се ослободиме од стресот, ефтин е и може да се трча на било кое место. Почетниците треба да почнат со комбинација на одење и трчање на рамна површина и пополека да ја зголемуваат тежината на тренингот. Кога еден човек ќе реши да трча сè што му е потребно е патики и желба“ – додаваат тренерите од „Нова“.

atleticarki od Nova

Ова е трет пат како тимот на „Нова“ учествува на интернационално натпреварување, а по Прага се надеваат на уште многу други меѓународни претставувања и награди.

Се вчитува...