Шестмесечен пробен период: Клубовите од Бундес-лигата договорија враќање на гледачите, но само со 20% од капацитетот

Публиката полека ќе се враќа на стадионите во Германија. На состанокот на претставниците на 16 германски сојузни држави договорено е да биде воведен шестмесечен пробен период во кој ќе биде дозволено враќање на навивачите на стадионите, но само со 20% од целосниот капацитет. На стадионите ќе бидат применувани строги епидемиолошки мерки, а алкохолот ќе биде забранет.

Нема да биде дозволено доаѓање на гостински фанови, а секој билет ќе биде персонализиран за да може да се следи движењето на сите лица кои ќе дојдат на стадионот. На сила исто така ќе бидат мерките за социјално дистанцирање и гледачите ќе мораат задолжително да носат маски на лицето.

Во случај бројката на заболеми лица во Германија да порасне на 35% од 100.000 луѓе во тек од една седмица, а инфекцијата да не биде локализирана, доаѓањето на навивачите на стадионите повторно ќе биде забрането.

 

Се вчитува...