Шеваљевиќ си најде нов клуб по заминувањето од Вардар

Васко Шеваљевиќ мина само неколку месеци во Вардар, црногорскиот репрезентативец дојде како засилување за бековската линија, не се прослави премногу, па по доаѓањето на новиот тренер Веселин Вујовиќ му беше ставено до знаење дека неговите услуги веќе не се потребни во таборот на „црвено-црните“.

Шеваљевиќ немаше проблеми да најде нов клуб, откако експресно ги договори условите со францускиот Саран. Станува збор за клуб кој обезбеди промоција во елитното друштво, со што Црногорецот ќе може да ја продолжи својата француската авантура по настапите за Тулуз, Трембле и Истрес.

„Наша цел беше да доведеме искусни ракометари. Васко ја знае оваа лига, има бројни настапи во Франција, доведовме квалитеетен стрелец, но и добар асистент, бек што е многу комплетен во својата игра“, објавија од раководството на Саран.

Се вчитува...