Шеваљевиќ: Вардар – Пик Сегед прерасна во големо ривалство, очекувам добар натпревар и победа

Ракометарите во Вардар во недела ќе го пречекаат Пик Сегед во натпревар од Лигата на шампионите. Најновата аквизиција на „црвено-црните“ Васко Шеваљевиќ вели дека мечевите меѓу Вардар и Пик Сегед се секогаш посебни и дека во последните години овој дуел прерасна во големо ривалство.

„Во недела не чека натпревар против Пик Сегед. Вардар мора да оди на два бода кога игра дома и тоа е нормално. Ги анализиравме одлична екипа се имаме време да се подготовиме. Се работи за одлична екипа имаат феноменални ракометари на многу позиции. Играат шпански убав ракомет, а и добро знаеме дека во минатите години се разви големо ривалство меѓу овие два тима. Одиме на победа и освојување на два бода“, изјави Шеваљевиќ. 

Вардар и Пик Сегед ќе се сретнат во недела од 18 часто во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Се вчитува...