Вардар утре на домашен терен ќе го пречека Веспрем во првиот дуел од осминафиналето од годинашното издание на Лигата на шампионите. Црногорскиот интернационалец, Васко Шеваљевиќ вели дека и покрај тоа што играат против одличен тим, Вардар не се плаши од никого.
„Мислам дека не треба да се трошат зборови за квалитетот на Веспрем. На секоја позиција се покриени со двајца добри играчи. Ги анализиравме добро и мислам дека ако бидеме вистински, борбени и агресивни и им помогнеме на голманите можеме да им парираме. Вардар не се плаши од никого, но против вакви екипи мораме да играме најдобро како би направиле добар резултат. Иако се квалитетна и озбилна екипа и тие имаат свои мани и така е во спортот и во ракометот секој може да има лош ден. Очекувам добар меч и мислам дека можеме да направиме добар резултат“, изјави Шеваљевиќ.
Вардар и Веспрем ќе се сретнат утре во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, а натпреварот е со почеток во 18:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА