Шевченко ќе ја има честа да ја врачи титулата на ПСЖ!

Украинската фудбалска легенда, Андреј Шевченко ќе ја има честа да го додели трофејот наменет за францускиот шампион.

Екс-фудбалерот на Милан и поранешен селектор на репрезентацијата на Украина ќе им го врачи трофејот на фудбалерите на Пари Сен Жермен на церемонијата што ќе се одржи по натпреварот помеѓу ПСЖ и Мец, на „Паркот на принцовите“.

Пред церемонијата ќе има спектакл кој ќе вклучува и пиротехнички настап. На свеченоста покрај Шевченко ќе присуствуваат и две легенди на ПСЖ. Станува збор за Доминик Рошет и Бернар Лама, а се планира двајцата да му ја доделат наградата на најдобриот асистент и најдобриот стрелец во француската Лига 1.

Килијан Мбапе моментално води во двете категории, па и двете награди ќе му припаднат доколку ништо не се промени во последното коло.

Се вчитува...