Шевченко пред миланското дерби: Интер е фаворит, но …

Погледите на италијанската фудбалска јавност вечерва ќе бидат насочени кон „Сан Сиро“, каде Милан и Интер ќе ги одмерат силите во првото овосезонско градско дерби. Легендата на „росонерите“, Андриј Шевченко, во изјава за „Газета дело спорт“ улогата на фаворит му ја препушти на Интер, откако „нероаѕурите“ одлично ја стартуваа сезоната со девет бода по првите три кола.

„Не сакам да прогнозирам вакви натпревари, но ако се земат во предвид моментната форма и составот на екипите мислам дека Интер е фаворит. Ако говориме за еволуција на тимот, Интер e напред поради фактот дека имаше подобра база, а сега го донесе Конте како врв на проектот. Тој е тренер што освоив бројни трофеи, додека за Марко Џампаоло ова е тренер за кого ова е прва работа во голем клуб, со сосема поинакви поставени цели од она што го работеше во Сампдорија“ – вели Шевченко.

Украинецот сепак не го отпишува Милан бидејќи ваквите дерби пресметки многу често се решаваат со мотивација.

„Убавината на дерби-дуелите е токму во неизвесноста, во мотивираноста што знае да пресуди пред квалитетот. Затоа и велам дека Милан никако не смее да биде отпишан бидејќи има играчи способни со еден потег да го решат секој натпревар“ – порачува поранешниот голгетер на „росонерите“.

Се вчитува...