Шифрин испиша историја со победата во Кронплац

Американката Микаела Шифрин испиша историја откако со победата на велеслаломот во италијанскиот Кронплац стигна до 83. победата во Светскиот куп во алпско скијање со која ја стана најуспешна кај дамите во историјата минувајќи ја легендарната сонародничка Линдзи Вон која во кариерата забележа 82 победи.

Со оваа победа Шифрин е на само три победи од апсолутниот рекорд на легендарниот Швеѓанец Ингемарк Стенмарк кој во кариерата триумфираше на 84 трки во Светскиот куп во алпско скијање.

Второто место со заостанување од 45 стотинки и припадна на Швајцарката, Лара Гут Бехрами, додека подиумот го надополни Италијанката, Федерика Брињоне со заостанување од 1,43 секунда зад времето на победничката.

Се вчитува...