Шифрин му се доближи на само една победа на Ингемарк Стенмарк

Микаела Шифрин стигна до 85. победа во кариерата во Светскиот куп во алпско скијање и сега на само една негатива од апсолутниот рекорд на легендарниот Швеѓанец, Ингемарк Стенмарк.

Неверојатната Американка до победата на слаломот во чешкиот Шпиндлероф-Млин стигна со вкупно време од 1:33.85 минута што беше за шеесет стоти делови од секундата подобро од второпласираната Германка Лена Дир. Подиумот го надополни Швајцарката Венди Холденер со заостанување од 1.31 секунда зад времето на победничката.

Утре на програмата во Шпиндлероф-Млин е втората слаломска трка.

Се вчитува...