Шифрин најдобра и на вториот слалом во Леви

Микаела Шифрин е победничка и на вториот слалом кој викендов се возеше во финскиот Леви како дел од новата сезона во Светскиот куп во алпско скијање. Американката  до победата стигна со вкупно време од 1:52.21 минута што беше за 28 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Венди Холденер од Швајцарија.

Подиумот го надополни Петра Влхова од Словачка која доцнеше 68 стотинки зад победничкото време на Шифрин.

Следната недела најдобрите алпски скијачки се селат во американскиот Килингтон каде на програмата ќе бидат трките во супервелеслалом и спуст.

Се вчитува...