Шифрин најдобра на слаломот во Линц

Американската скијачка Микаела Шифрин ја забележа петтата победа оваа сезона, откако триумфираше на слаломската трка од Светскиот куп што се одржа во Линц, Австрија. Тоа е нејзина вкупно 36.победа во кариерата, а славеше со вкупно време од 1:43,87 минути.

Пласман на победничкиот пиедестал обезбедија и Венди Холденер од Швајцарија, која зад победничката заостана 89 стотинки, и Швеѓанката Фрида Хансдотер, која заврши на третата позиција.

 

Се вчитува...