Шифрин најдобра во Куршевел, Гоџа е „спуст кралица“

Американката Микаела Шифрин направи голем чекор кон освојување на големиот кристален глобус во сезоната во алпско скијање откако изненадувачки триумфираше на последниот спуст сезонава кој се возеше во францускиот Куршевел.

Шифрин до победата стигна со време од 1:27.00 минута. Второто место го поделија Швајцарката, Јоана Хелен и Кристин Скејер од Австрија кои трката ја завршија со десет стотинки зад времето на победничката.

Малиот кристален глобус во спуст и припадна на Италијанката, Софија Гоџија на која и беше доволно и 12. место на денешната трка.

 

Се вчитува...