Шиков потпиша за Академија Пандев

Академија Пандев тргна фуриозно во новата сезона освојувајќи девет бода по почетните три кола, па „пандевци“ во меѓувреме и дополнително го засилија играчкиот кадар со уште еден квалитетен фудбалер.

Станува збор за поранешниот репрезентативец на Македонија, Ванче Шиков, кој ги договори личните услови и веќе му се приклучи на струмичкиот клуб. Како што информираат од Академија Пандев, Шиков веќе тренира со тимот, а во тек е и комплетирањето на потребната документација за добивање на право на настап во ПМФЛ.

Искусниот дефанзивец последен пат во Првата лига на Македонија го носеше дресот на Работнички, а претходно има настапувано и за Тиквеш и Победа. Тој е играч со богата меѓународна кариера, настапувајќи за Ксанти, Олимпијакос, Етникос Ахна, Австрија Виена, Нефчи и Тобол, екипа од која Шиков пристигнува во Академија Пандев.

Се вчитува...