Шимиќ искрен: Спортистите не знаат што со парите, па потоа не знаат како без нив

Дарио Шимиќ е еден од ретките спортисти кои по завршувањето на својата кариера води успешен бизнис кој не е поврзан со фудбалот. Екс-репрезентативецот на Хрватска е сопственик на компанија со две производни линии, кои се развија беспрекорно, па Шимиќ имаше можност да му се врати на фудбалот, како помошник тренер на нашите Трајковски и Несторовски во тимот на Палермо.

Не е лесно, за кариера после спортската кариера е потребно искуство. И јас и мојот брат Јосип многу грешевме на почетокот и таа школа скапо ја плативме, но фала Богу, сега фирмите се стабилни. Ниту во спортот ниту во бизнисот не можеш да напредуваш ссо вистински луѓе околу себе. Составив квалитетен тим и иде многу добро, произведуваме два артикли – Вивас кафе и Аквавива. Фирмите функционираат, а мене ми беше најважно се да се постави како што треба за да можам пак да му се посветам на фудбалот. Некако во вистинско момент влета и понудата од Палермо, така што сите работи добро се поклопија“ – истакнува Шимиќ во разговор за Спортске Новости.

Одличниот дефанзивец кој во својата кариера настапуваше и за Милан и за Интер искрено проговори и за сериозниот проблем со кој се соочуваат професионалните спортисти – како да се справат со прераното стекнување на богатство и да се заштитат од опасноста експресно да го загубат истото.

Фрапантен е податокот дека 75% од НБА кошаркарите банкротира пет години по завршувањето на кариерата, а знаеме дека тие заработуваат посериозни пари од многу наши спортисти. Главен проблем е што ние како спортисти не сме доволно образовани за квалитетно да управуваме со своите пари. Низ кариерата се троши многу, тука е и семејството, а многумина, влечени од срцето пред разумот влечат погрешни потези. Парите ги „чешаат“, па спортистите не знаат што со нив, па потоа не знаат како без нив. Јас сум дел од синдикатот преку кој се едуцираат фудбалерите и на оваа тема. Не е срамота, луѓето се креваат и паѓаат и во светот на бизнисот, но важно е да постои некој што ќе ти даде вистински совет во вистинско време. Како позитивен пример би ја навел Белгија, каде со самиот договор дел од парите на фудбалерите им стои на сметка во банка, а ќе можат да го подигнат дури откако ќе наполнат 35 години. Тоа е реалноста, ако си млад и зад себе немаш стабилно семејство, парите експресно ќе ги потрошиш, без оглед колку многу заработуваш. Така е во спортот, но и во секојдневниот живот, луѓе на лото добивале милиони, па за две-три години објавувале банкрот“ – реален е Дарио Шимиќ.

Тој и самиот признава дека повлекол погрешен потег при својата прва посериозна заработка додека се уште настапуваше за Интер.

Искрено, какви глупости јас имам направено, тешко ми е сега да говорам и да се правам паметен на оваа тема. Кога ќе го заработиш првиот милион, се чувствуваш моќно, мислиш дека си Бил Гејтс, дека си најубав и најпаметен, но тоа само те наведува на погрешен пат, привлекувајќи и погрешни луѓе околу тебе. Така на пример што пристигнаа првите сериозни пари во Интер околу мене се „моташе“ една жена која ми ја наполни главата со зборовите “од тебе ќе направам милионер, ќе ги вложиме парите на американската берза, таму се е одлично“. Одговорив дека веќе сум милионер, но на крајот сепак се согласив. И што се случи… авионите во Њујорк ги урнаа „кулите близначки“, американската берза падна за 90%, а јас загубив многу пари, дури 90% од она што го заработив играјќи фудбал“ – открива дел од својата животна приказна Дарио Шимиќ.

Се вчитува...