Шимунџа: Двомечот со Шкендија ќе се решава во Словенија, Мура сака пласман во следната рунда

Шкендија вечерва од 20 часот на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје го игра првиот натпревар од почетното квалификациско коло за Лигата на шампионите. Првиот противник на македонскиот шампион е словенечка Мура која во Скопје допатува со желба за позитивен резултат пред реваншот во Словенија.

Тренерот на Мура, Анте Шимунџа ја остава фаворитската улога на Шкендија но верува дека неговиот состав и тоа како има шанси за пласман во следната рунда натпревари.

„Шкендија ја носи фаворитската улога пред оваа пресметка. Се работи за навистина добар тим, искусна екипа која има одличен напад и е опасна од контранапади. Секако добро го анализиравме противникот и ги знаеме и неговите слави страни кои би ги задржал за себе“ – вели Шимунџа, притоа дополнувајќи:

„Мислам дека двомечот, сепак, ќе биде решен на реваншот во Словенија. Ќе бидат тешки 180 минути но ние очекуваме и посакуваме да се пласираме во следната рунда натпревари“.

Се вчитува...