Ширер: Салах е веќе прочитан како „селски буквар“

Играта на Мохамед Салах против Евертон наиде на жестоки критики од фановите на Ливерпул, но и англиската фудбалска јавност.

Египќанецот е далеку од формата од минатата сезона, а очигледно е и дека сезонава е „лесен плен“ за противничките фудбалери. Отворени критики на негова сметка упати и легендата на англискиот фудбал, Алан Ширер.

„Салах е веќе прочитан буквално од секого како ‘селски буквар’. Тој е прелесен за чување, противничките дефанзивци точно знаат што ќе направи. Погледнете, секој напад му е со старт од десната кон левата страна затоа што очигледно сака единствено да се намести на левата нога“ – вели Ширер и дополнува:

„Салах исто така не е фудбалер за големи натпревари. На најважните натпревари за Ливерпул никаде го нема. Потсетете се дека нема некој посебен ефект и против големите тимови. Против најдобрите шест екипи од Премиер лигата на осум натпревари сезонава постигна само еден гол, оној против Арсенал од пенал“.

Ливерпул, по вчерашното реми без голови со Евертон, сега е со бод негатива во однос на лидерот во Премиер лигата, Манчестер сити.

Се вчитува...