Ширер: Веднаш исфрлете ги од Премиер-лигата!

Поранешниот англиски репрезентативец Алан Ширер вели дека шесте тима од Англија кои одлучија да бидат дел од Суперлигата мора веднаш да бидат исфрлени од Премиер-лигата.

„Зошто да не? Суперлигата фрли бомба на Премиер-лигата, фрли бомба на сите останати натпреварувања. Одговорете им. Ако е можно веднаш исфрлете ги од лигата. Не знам колку е тоа легално и изводливо, али ако е веднаш исфрлете ги“, изјави Ширер. 

Тој смета дека целиот концепт на затворено натпреварување е потполно погрешен и дека мора жестоко да бидат казнети Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челси, Ливерпул, Арсенал и Тотенхем.

Се вчитува...