Шишкарев имал понуда за враќање во Вардар, но…

Рускиот ракометар, Данил Шишкарев се враќа во родната земја откако потпиша договор со Чеховски Медведи, по неуспешната авантура во унгарски Веспрем. Тој на почетокот на годината бил во преговори за враќање во Вардар, кога на клупата беше Стевчо Алушовски.

„Во јануари имав комбинација да се вратам во Вардар, тогаш тренер беше Алушовски. Го известив дека имам договор со Веспрем, а истовремено сакав самиот на себе да си докажам дека не беше грешка што потпишав со унгарскиот тим“, изјави Шишкарев. 

Шишкарев беше дел од златната генерација на Вардар која во два наврати (2017 и 2019) година се радуваше на титулата во Лигата на шампионите.

Се вчитува...