Шишкарев: Поминав шест прекрасни години во Скопје… Се радувам на нова средба со моите пријатели

Вардар во четврток ќе го пречека унгарскиот Веспрем во првиот натпревар од осминафиналната рунда во Лигата на шампионите. Поранешниот ракометар на „црвено-црните“, Данил Шишкарев првпат ќе се соочи во Лигата на шампионите со тимот со кој двапати се искачи на врвот на Европа.

„Се сретнавме со Вардар во финалето на СЕХА лигата во септември минатата година, но повторно ќе биде посебен меч за мене. Поминав шест прекрасни години во Скопје. Ќе биде навистина тешко да играме во Јане Сандански, но ако се подготвиме добро се надевам дека ќе стигнеме до победа. За мене како што споменав ќе биде навистина посебно, бидејќи повторно ќе се сретнам со моите пријатели. 

Мечот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е закажан за четврток со почеток во 18:45 часот.

 

Се вчитува...