Шишкарев: Повторно Вардар покажа карактер

Вардар ремизираше против Киелце (28-28), имаше многу проблеми со повредите, а десеткуваниот состав сепак покажа голема борбеност, упорност и храбра игра. На крајот, Данил Шишкарев вели дека карактерот на Вардар повторно излезе на површина.

„Овие играчи што денеска беа на терен дадоа се од себе и до крај сакавме да победиме. Натпреварите со Киелце се секогаш тешки. Двата тима повторно го покажаа карактерот. Второто полувреме беше особено тешко за нас и и благодарам на публиката која не одржуваше и не мотивираше. На крајот, имавме дури и шанса за два бода. Сега ќе се подготвуваме за гостувањето кај Киелце“, изјави Шишкарев.

Се вчитува...