Шишковски ја има најдобрата одбрана во првенството на Кипар (ВИДЕО)

Репрезентативниот голман Дамјан Шишковски ја има најдобрата одбрана во изминатото коло од кипарското првенство. Тој со фантастичен рефлекс успеа да го спаси голот на Докса. Неговиот тим, каде настапува и Душко Трајчевски, славеше со 2-0 против Неа Саламис.

Веднаш зад него е Филип Гачевски, голманот на Енозис. Тој имаше прекрасни моменти на голот на Енозис, иако неговиот тим загуби со 4-1 на гостувањето кај АЕЛ Лимасол, чиј член е младинскиот репрезентативец Давор Здравковски.

Се вчитува...