Шишковски одбрани пенал за триумф на Докса, црвен картон за Трајчевски (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски одбрани пенал во триумфот на Докса од 0-1 на гостувањето против Ахна во 15. коло од шампионатот на Кипар.

Шишковски беше одличен на голот на Докса, најзаслужен за трите бода на својот тим откако уште во 10. минута од средбата успеа да одбрани и удар од белата точка на противникот.

Единствениот гол на мечот беше дело на Садик во 21. минута од средбата.

Во 35. минута, пак, македонскиот интернационалец Душко Трајчевски заработи црвен картон и тоа откако реагираше ВАР-судијата по прегледувањето на видео снимка.


Се вчитува...