Шишковски потпиша нов договор со Докса до 2024 година

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски потпиша нов договор со кипарска Докса.

Шишковски се договори за продолжување на соработката со Кипраните за уште три години, до јуни 2024 година.

Македонскиот репрезентативец во Докса пристигна минатата година од Работнички. За кипарскиот состав досега има 35 настапи.

Претходно во кариерата беше дел и од белгиски Гент, како и во финските прволигаши Лахти и Ропс.

Се вчитува...