Шишковски пред дербито: Подготвени сме за жесток дуел во Битола!

Дербито од второто коло во Првата македонска фудбалска лига денеска од 17 часот се игра во Битола. Работнички, по претходното реми без голови со Ренова, сега оди на мегдан со Пелистер сигурно пред ново големо искушение.

Голманот Дамјан Шишковски се надева дека неговата мрежа нема да се тресе ниту под „Тумбе кафе“.

„Не очекува тежок натпревар во Битола. Пелистер е еден од клубовите што ќе се борат за позициите во Топ 4, што носат излез на европска сцена. Ги респектираме максимално, но веруваме во сопствените можности и ќе сториме се за да оствариме позитивен резултат. Би бил задоволен ако нашата мрежа остане мирна и по вториот меч од новата првенствена сезона“ – вели Дамјан Шишковски во изјава за официјалната интернет страница на клубот.

„Романтичарите“ се подготвени за предизвикот, но сосема јасно подготвени се и во таборот на Пелистер каде веруваат дека може да се дојде и до втората победа сезона, по онаа првата на гостувањето против Победа во Прилеп.

ПМФЛ – 2. КОЛО (денеска, 17 ч.)

Скопје: ВАРДАР – ПОБЕДА

Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СКОПЈЕ

Битола: ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ

УТРЕ

Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА

ВЧЕРА

РЕНОВА – СИЛЕКС 0-3

Се вчитува...