ШК Алкалоид максимално против Апелдорн, триумф и на Гамбит на стартот на Купот на европските шампиони

Македонскиот шаховски шампионо „Алкалоид“ со победа од максимални 6-0 против холандски Апелдорн стартуваше на Европскиот куп на шампионите кои се одржува во Порто Карас, Грција.

ШК Алкалоид, кој е најсилниот тим на Купот на шампионите според почетниот рејтинг, без никаков проблем стартуваше со убедлива победа. На сите шест табли триумфираа Јангжи Ју (2765), пред руското дуо од Дмитри Андрејкин (2723) и Дмитри Јаковенко (2752), на четвртата табла Украинецот Павел Елјанов (2703) и Македонците Филип Панчевски и Трајко Недев на последните две табли.

Вториот македонски тим, Гамбит, исто така имаше успешен старт со победа од 5-1 над ШК Вајт најтс од Велс. Победија македонските шахисти Данчевски, Николовски, Стојчевски и Динев како и бугарскиот велемајстор Петар Арнаудов на првата табла, додека на петтата табла загуби Словенецот Богдан Подлесник. Екипата „Гамбит“ е на 27 место според просечниот рејтинг.

Се вчитува...