Новиот фудбалски прволигаш Шкендија Арачиново успешно реши еден од најголемите инфраструктурни предизвици за настап во елитното друштво. Клубот официјално објави дека постигнал договор своите натпревари како домаќин да ги игра на стадионот „Чаир“ во Скопје.
Ова решение доаѓа откако нивниот матичен терен не ги исполнуваше строгите критериуми за натпреварување во Првата лига.
„Со задоволство ве известуваме дека ФК Шкендија Арачиново постигна официјален договор со раководството на ФК Шкупи за одигрување на сите домашни натпревари за новата сезона на стадионот „Чаир“. По тој повод, сакаме да му се заблагодариме на раководството на ФК Шкупи за коректноста и гостопримството, како и на градоначалникот на Општина Чаир, г-дин Изет Меџити, за поддршката пружена во реализацијата на оваа соработка. На крајот, од сè срце му посакуваме успех на нашиот братски клуб, ФК Шкупи, и брзо враќање во македонската фудбалска елита – таму каде што припаѓа и каде што се наоѓа неговата историја”, објавија од Шкендија Арачиново.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
