Шкендија Арачиново се пофали и со Вилдан Керим (ФОТО)

Шкендија Арачиново за новата сезона, во кој ќе игра во прволигашката конкуренција, се засили и со крилниот офанзивец Вилдан Керим.

31-годишниот Керим доаѓа од екипата на Пелистер, каде настапуваше изминатава сезона.

Претходно во својата кариера има настапи и за турските екипи Караман и Сарајону, како и за Скопје, Вардар, Гостивар, Детонит Плачковица во македонските шампионати. Има настапи и за Дукаѓини и Дреница во косовското првенство.

Се вчитува...