Шкендија Арачиново со две значајни засилувања

Раководството на Шкендија Арачиново експресно реагираше по рутинскиот пораз од 3-0 на огворањето на новата сезона против Струга ТЛ, па денеска беа официјализирани два нови трансфера на овој повратник во македонската фудбалска елита.

Енис Фазлагиќ и Мевлан Адили се нови членови на тимот од Арачиново по договорите што денеска ги потпишаа со тимот на Шкендија.

Фазлагиќ е поранешен младински репрезентативец, фудбалер кој има и еден настап за А-сселекцијата на Македонија. Тој доаѓа од албанскиот прволигаш Вора, а претходно има настапувано и за тимови од Словачка и Полска.

Адили е искусен фудбалер кој има настапувано во Романија, Литванија, Албанија, беше дел и од рускиот второлигаш Хабаровск, а последен клуб му беше Гњилане од Косово.

Се вчитува...