Шкендија без Бејтулаи во Струга, се враќаат Дориев и Алими…, Ренова со Ќатип Османи против Борец

Шкендија без репрезентативецот Егзон Бејтулаи ќе биде на дуелот против Струга ТЛ во 13. коло од Првата македонска фудбалска лига, кој ќе мора да паузира поради жолти картони.

Од претходно е познато дека Ернест Ѓока нема да може да биде со сите расположиви сили поради отсуството поради повреди и на Јан Кривак и Валон Ахмеди, но позитивно за црвено-црните е што во комбинација за настап се враќаат Љупче Дориев и Арменд Алими.

Ренова, пак, под водство на новиот шеф на стручен штаб, Ќатип Османи, кој повторно се врати на клупата на „гипсарите“ го пречекува Борец.

ПРВА ЛИГА – 13. КОЛО (денеска, 13 ч.)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКУПИ

Битола: ПЕЛИСТЕР – СИЛЕКС

Струмица: БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ

Тетово: РЕНОВА – БОРЕЦ

Струга: СТРУГА ТЛ – ШКЕНДИЈА

ВЧЕРА

ВАРДАР – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 2-0

Се вчитува...