Шкендија без Мурати на реваншот во Финска

Шкендија ќе биде ослабена за претстојниот реванш против Хелсинки откако беше утврдено дека Мевлан Мурати нема да може да му се стави на располагање на тренерот Ќатип Османи за дуелот во Финска.

Левиот бек на „црвено-црните“, кој беше дел и од младинската репрезентација на ЕП во Полска, се повреди на првиот натпревар против Хелсинки, кога мораше да биде заменет уште во првото полувреме. Лекарските прегледи покажаа дека повредата на мускулот нималку не е наивна, па на Мурати сега му претстои пауза од околу две седмици од фудбалските терени.

Тој сигурно нема да настапи на претстојниот реванш, а најверојатно ќе го пропушти и првиот меч од третото квалификациско коло за ЛЕ, доколку Шкендија успее да го мине Хелсинки.

Се вчитува...