Фудбалерите на Шкендија ја оправдаа фаворитската улога триумфирајќи со убедливи 1-3 на гостувањето против Скопје во Автокоманда во 10. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Тетовци целокупната задача на мечот си ја завршија уште по само десет минути игра.
Најпрво Красниќи веќе во 2.минута погоди за 0-1, а потоа Димовски во 9.минута стрелаше и за 0-2.
Домашните успеаја во 45.минута со голот на Ангелов да намалат на 1-2.
Во второто полувреме, Тамба во 52. минута убаво погоди со глава од непосредна близина за конечни 1-3
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
