Шкендија доаѓа на Чаир, Шкупи со нов тренер се надева на шампионски скалп

Шкупи бара рехабилитација по лошиот старт, и веќе има нов тренер, турскиот стратег Хајати Сојдаш, а Шкендија сега е максимално фокусирана на домашните обврски, откако повторно „заглави“ во плејоф колото на Лигата на Европа и доживеа елиминација од норвешкиот Розенборг. Ќе врие денеска на стадионот Чаир (16.15 часот) каде Шкупи и Шкендија треба да го комплетираат четвртото коло од Првата фудбалска лига.

Новиот тренер на Шкупи, Хајати Сојдаш, вели дека имал кусо време да се запознае со фудбалерите, но дербито секако е голем предизвик за него и за тимот од Чаир.

„Дојдов пред неколку дена, се потрудивме заедно со фудбалерите подобро да се запознаеме на стартот и веднаш не очекува дерби дуел со шампионот. Мотивирани сме максимално, верувам дека ќе се претставиме во добро издание и посакувам позитивен резултат“, вели Хајати Сојдаш.

Шкендија исто така немаше максимален старт во домашниот шампионат, но тогаш фокусот беше на Европа. Сега, по елиминацијата од Розенборг, Ќатип Османи и фудбалерите се насочуваат на обврските на домашната сцена.

„За да играме повторно во Европа, мораме да бидеме на потребното ниво во Македонија. Ни недостигаат поквалитетни мечеви во нашето првенство, но вакви дуели секогаш се предизвик. Шкендија на секој натпревар оди на победа“, порачува Османи.

ПРВА ЛИГА, 4.КОЛО

БЕЛАСИЦА – ВАРДАР 1-1

РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-1

СИЛЕКС – ПОБЕДА 0-0

РАБОТНИЧКИ – АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ 1-0

ДЕНЕСКА (16.15 ч.)

ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 

Се вчитува...