Шкендија во пролетниот дел ќе биде посилна за Решат Рамадани, дефанзивецот на Динамо Киев. Шкендија и украинскиот клуб постигнаа договор за позајмица до крајот на сезоната.
Рамадани пред една година се пресели од Тетово во Киев, и со цел да има поголема минутажа, ќе мине како позајмен во Шкендија.
Договорот бил постигнат за време на меѓусебниот пријателски натпревар одигран во Анталија кој заврши без победник 1-1. После истекот на позајмицата, Рамадани треба да се врати во Динамо.
Во Шкендија ќе игра заедно со неговиот брат Флорент Рамадани.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА