Тетовска Шкендија доживеа убедлив пораз на пријателскиот натпревар против сплитски Хајдук.
„Црвено-црните“ запишаа пораз од 0-4 на тест дуелот кој се одигра на стадионот во Љубљана.
Стрелци на головите за Хајдук беа Ливаја уште во 2. минута, Пукшташ во 28. минута, и Шего со два гола во второто полувреме, во 66. и во 75. минута, за конечни 0-4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
