Шкендија е нов шампион на Македонија за сезоната 2024/2025! Петта јубилејна титула за „црвено-црните“ од Тетово кои си го обезбедија трофејот на две кола пред крајот на првенството, по денешната победа од 2-1 против Работнички во 31. коло од ПМФЛ. Претходно Шкендија беше шампион на Македонија и во 2011, 2018, 2019 и во 2021 година.
Шкендија ја осигура шампионската круна на две кола кола до крајот со оглед на тоа што има четири бода предност пред второпласираниот Силекс, а во следното коло, согласно распоредот на натпреварот, треба да игра со екипата на Гостивар. Но, како гостиварци се откажаа од шампионатот, Шкендија следното коло ќе добие службена победа од 3-0, поради што уште од сега е јасно дека веќе осигураа доволна предност за шампионска круна.
„Црвено-црните“ доминираа денеска на дуелот против Работнички во Тетово доаѓајќи до убава предност од 2-0 за победа уште во првото полувреме. Уште во 6. минута домашните поведоа со голот на Љатифи.
Потоа, во 33. минута, Тамба убаво погоди по одлично проигрување од длабочина за предност и од 2-0.
Во второто полувреме Работнички намали на 2-1 со голот од пенал на Дилеј во 62. минута, но тоа беше се од гостите, на крај за огромна радост за Шкендија која ја прослави новата, петта, шампионска титула!
Тиквеш триумфираше против Беса во Кавадарци, за значајни три бода во битката за директен опстанок во лигата. Стрелец на голот за победа од 1-0 беше Миловановиќ во 40. минута од средбата.
На дуелот во Струмица, АП Брера триумфираше со 4-3 по пресврт, и покрај предноста на Шкупи од 1-2 на полувремето.
Со „два во кец“ струмичани дојдоа до победата од 4-3. Домашните поведоа со голот на Наумчевски, но потоа чаирчани дојдоа до предност со головите на Асани и Имери. Во второто полувреме, Шкупи дојде до водство и од 1-3 со голот на Кадриу во 76. минута, но Брера со три гола во самиот финиш, од кои два во судиското продолжение преку Ѓоргиевски од пенал и Кагиму, успеа да дојде до победа од 4-3.
ПМФЛ – 31. КОЛО
Струмица: АП БРЕРА – ШКУПИ 4-3
Наумчевски 28′, Нзенгуе 78′, Ѓоргиевски 90’+2(п), Кагиму 90’+6 – Асани 31′, Имери 45′, Кадриу 76′
Тетово: ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ 2-1
Љатифи 6′, Тамба 33′ – Дилеј 62′(п)
Кавадарци: ТИКВЕШ – БЕСА 1-0
Миловановиќ 40′
ВЧЕРА
Скопје: ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 0-0
СИЛЕКС – ГОСТИВАР 3-0 (службена)
ПЕЛИСТЕР – ВОСКА СПОРТ 3-0 (службена)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА