Шкендија е прва непоразена екипа на Чаир, но Шкупи ја зголеми предноста на првото место (ВИДЕО)

Со денешното „реми“, Шкендија стана првиот тим кој сезонава остана непоразен на гостувањата кај Шкупи. Досега сите екипи лошо си поминуваа на ова гостување, и со порази, меѓутоа Шкендија ја смени таа традиција.

Шкендија дури имаше и победа до 88. минута по водечкиот гол на Гури во 70. минута. Меѓутоа Алварез со прекрасен погодок успеа да спаси бод и да донесе израмнување за Шкупи. За чаирчани ова беше само трет примен гол како домаќин. Но, она што е најдобро за нив е тоа што ја зголемија предноста на првото место, затоа што Академија Пандев направи кикс, па сега имаат предност од седум бодови пред „пандевци“.

Затоа традицијата продолжи за Пелистер, кој и натаму нема победа во првенството. Денеска битолчани беа поразени од Борец, и се чини дека немаат никакви шанси за опстанок во Првата лига.

Се вчитува...